Мажите и жените навистина го гледаат светот сосема поинаку, дури и кога е во прашање модата.
Постојат некои модни парчиња во кои жените уживаат, додека мажите негодуваат кога ќе ги видат врз својата подобра половина.
Овие парчиња мажите дефинитивно не сакаат да ги гледаат врз нас:
- Mom i boyfriend jeans
Мажите ги сакаат облините и прекрасната женска фигура и затоа, фармерките, кои ги обожаваме поради комфор, не се омиленото модно парче, што го носиме.
Тие не сакаат да ја сокриваме нашата фигура, барем не од нивните погледи.
- Преголеми маици
Тие не ја разбираат нашата потреба за удобност и се фокусираат исклучиво на естетика.
За нив oversize повеќе кажува за фактот дека не го познаваме нашето тело и не знаеме како да ја одбереме соодветната големина, наместо тоа дека го следниме модниот тренд.
- Балетанки
Да разјасниме дека и жените знаат дека нивната фигура е неспоредливо поубава, кога ќе обујат високи потпетици, но исто така знаат дека во нив е невозможно да се поминат 12 часа дневно.
Затоа, жените избираат компромис, па повремено обуваат и штикли, но кога се работи за практичност, спас им се еспадрилите и балетанките, за време на топлите денови!