Мода

Модно советувалиште: Овие модни парчиња визуелно ќе ја стеснат вашата половина

Доколку природата не ви дала фигура во облик на песочен часовник, секогаш можете да употребите соодветни модни парчиња, со што ќе го постигнете саканиот ефект и барем визуелно ќе го намалите обемот на половината.

Панталони со висок струк

Панталоните со висок струк ќе направат да изгледате послаби и сексипилни.

Во комбинација со струкирана кошула, овие панталони ќе ви обезбедат фигура како песочен часовник, и ќе се чувствувате моќно и пожелно.

Ремен на половината

Ременот на половината ќе ги трансформира сите ваши модни комбинации, а токму половината ќе биде во фокусот и ќе изгледа прилично тенка.

Фустани на преклопување

Најпопуларниот крој на фустан, кој веќе 5 децении не излегува од мода. Тој одговара на секој тип на фигура и го истакнува најдоброто на секоја жена!

Напиши коментар