Cafe Del Mar

Моќен сок за слабеење и детоксикација на телото

Овој пијалок има богат состав на хранливи продукти, витамини, влакна и минерали! Еве како да го направите сами …

Овој сок успешно ги отстранува килограмите, го намалува притисокот и го зајакнува имунитетот.

Состојки:

4 средни моркови

2,5 см корен од ѓумбир

2 лимони (излупени)

2 чешниња лук

1 лажица јаболков оцет

Подготовка: Ставете ги состојките во соковник. Сокот што ќе го добиете, пијте го два дена. Тој се пие три пати на ден. Чувајте го остатокот во фрижидерот. Не смее да стои повеќе од 3 – 6 дена.

Морковите ги зајакнуваат ѕидовите на крвните садови и срцевиот мускул, го намалуваат нивото на лошиот холестерол и спречуваат мозочен удар, атеросклерозата, проширените вени …

Ѓумбирот е најсилниот анти инфламатор. Коренот може да ја олесни болката во мускулите и да го подобри варењето. Ѓумбирот го намалува крвниот притисок, го храни мозокот со кислород, е богат со витамин Б и аскорбинска киселина. Ја забрзува циркулацијата на крвта, го подобрува метаболизмот.

Лимонот е извор на витамин Ц, го подобрува имунитетот, игра клучна улога во формирањето на колагенот.

Лукот е клучна состојка на овој моќен сок. Тој е природен антибиотик и се користи за лекување на инфекции. Го намалува крвниот притисок, а исто така е познат и во борбата против рак.

Јаболковиот оцет е магичен еликсир богат со минерали и ензими, како и витамини. Помага во подобрувањето на варењето, се бори против киселините, го регулира шеќерот во крвта.

Напиши коментар