← НАЗАД НА БОЗА

Момчињата не смеат да плачат: Оваа фраза ги тера вашите деца на насилство и самоубиство

Момчињата не смеат да плачат: Оваа фраза ги тера вашите деца на насилство и самоубиство
124 Читања

Предрасудите можат да ги чинат глава нашите деца, буквално.

Научниците конечно докажаа дека спречувањето во изразувањето на добрите емоции кај момчињата може да влијае врз зголемениот ризик од создавањето на насилници и самоубијци.

Родители, внимавајте како ги воспитувате вашите деца.

Традиционалната идеологија на маженственоста која ги поттикнува момчињата да не плачат е опасна за нивното здравје, според Здружението на американски психолози.

Психолозите истакнуваат дека многу „машки“ карактеристики, вклучувајќи и стоицизам, конкурентност, доминација и агресивност се штетни и можат да доведат до насилство, депресија и самоубиство.

Традиционалната идеологија за машкоста ги „турка“ момчињата кон антифеминизмот и ги принудува да ги маскираат слабостите и ги поттикну да мислат дека ризикот, агресијата и насилството значат решавање на проблемот.

Како последица се јавува ограничување во психолошкиот развој на мажот, ограничување во нивното однесување, а тоа може да предизвика нетолеранција на половите и негативно влијае врз нивното ментално и физичко здравје.

Од друга страна, критичарите тврдат дека истакнувањето на антимашкиот став, кои ги прикажува традиционалните машки вредности како монструозни, е лош, бидејќи генерацијата на момчиња е под постојан притисок на општеството што бара од нив да се придржуваат кон однесувањето кое родителите и врсниците го цензурираат ако не успеваат да се придржуваат кон него .

Психолозите тврдат дека кај хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите мажи недостатокот на машкоста е поврзан со повисока стапка на самоуништувачко однесување, како што е земањето на дрога.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk