
2019. ни носи интересна палета на бои, кои би требало да ги носи секоја девојка со стил.
Постудените денови ќе бидат резервирани за палетата од луксузни, нежни бои.
Време е да го збогатите вашиот гардеробер со парчиња во овие бои:
Сенф жолта
Оваа нежна, жолта нијанса ќе им донесе малку боја на сивите зимските денови, а секоја ваша комбинација ќе ја направи повеќе шик.

Маслиново зелена
Популарноста на оваа боја не е на одмет, особено кога доаѓаат ладните зимски денови. Таа е речиси подеднакво in како црната боја и мора да ја имате во вашиот гардеробер.

Camel
Кафеавата боја во camel нијанса е идеална кога станува збор за вашите јакни и палта, но, исто така, изгледа одлично и на мини здолништата, бидејќи му дава одредена доза шик на секој, па дури и на наједноставниот outfit.

Валкано розева
Нежната нијанса на розева е тука за дамите кои никогаш не се откажуваат од лелеавиот, романтичен outfit.

Кралска сина
Оваа боја е синоним за луксуз и елеганција. Носете ја во посебни пригоди и нема да поминете незабележани.

