← НАЗАД НА БОЗА

Must have на сезоната – елегантни мали ташни

Must have на сезоната – елегантни мали ташни
70 Читања

Омилените трендови, кога станува збор за ташните, изминатата сезона беа ранчињата и belt ташните, кои се носеа околу половината.

Добро познатите трендсетерки не се откажаа од овие трендови, но оваа сезона, најмногу се носат малите ташни со рачка.

Малите ташни, веќе неколку сезони, ги фрлија во сенка големите практични ташни и ја завземаа водечката позиција, кога станува збор за комплетирање на outfit-от.

Речиси ниедна жена нема да излезе од дома без ташна, во која го спакувала сето она штоби ѝ било потребно за тој ден, па затоа тие се неопходен и незаменлив моден детал.

Оваа сезона ќе носите убави, практични ташни, во кои ќе го собере сето она што ви е потребно.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk