← НАЗАД НА БОЗА

НА ОВОЈ НАЧИН лесно можете да го замените трчањето со одење

НА ОВОЈ НАЧИН лесно можете да го замените трчањето со одење
59 Читања

Трчањето е одличен кардио-тренинг кој секој ќе ви го препорача, но не е неопходно – наместо да трчате, можете да го направите својот кардио тренинг со одење.

Се разбира, не е сосема обично одење, бидејќи таква програма се користи во интервали (промена на висок и низок интензитет), кои се најефективен начин на согорување на калориите.

Ви претставуваме пример за програма за одење за почетници, па можеби ќе треба да ја прилагодите препорачаната брзина, интензитет и време за да одговара на вашето ниво на фитнес.

Трите принципи што треба да ги имате на ум:

Фреквенција – обидете се да пешачите три до пет пати неделно, во зависност од вашата физичка состојба. Почетниците треба да почнат полека (три пати неделно), додека средните и напредните вежбачи можат да ја користат програмата пет пати неделно.

Интензитет – се оди со брзо, а не споро темпо. Обрнете внимание на целокупниот интензитет, со цел постојано да бидете помеѓу 5 и 7 на скала од 1-10.

Време – зависи од вашите физички способности. Не смеете да се форсирате, но не смеете и да си поставите и премногу бавно темпо.

И запомнете, секогаш треба да се загреете пред тренингот, а потоа да се изладите.

Со загревање, го подготвувате вашето тело за напорите што следат, а истегнување ќе го спречи мускулното воспаление и ќе го забрза процесот на закрепнување.

Еве како треба да изгледа почетничкиот интервал на одење:

  • Првите пет минути, чекорете со бавно темпо(загревање)
  • Брзо одете две минути
  • Одете една минута со умерено темпо
  • Одвете две минути што е можно побрзо
  • Полека одете една минута
  • Одетебрзо три минути
  • Одете две минути со умерено темпо
  • Одете три минути колку што можете побрзо
  • Одете полека две минути
  • Истегнете се пет минути

Вкупно времетраење: 26 минути

Постепено зголемувајте ги минутите на одење секоја недела.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk