← НАЗАД НА БОЗА

На вашата коса и недостасува само овој детаљ за да изгледа како од списание

На вашата коса и недостасува само овој детаљ за да изгледа како од списание
68 Читања

Доколку немате идеја како да ја стилизирате вашата коса, доволно е само да го набавите овој декоративен детаљ кој буквално ќе ви го промени вашиот целосен изглед.

Новата сезона носи нови фризерски трендови, но и декорации за коса, пишува Cosmopolitan.

Имено, ако ја сакавте модата од деведесетите години, ќе ве израдува вестта дека токму еден тренд од тој период се вратил на голема врата.

Станува збор за украсните шноли кои минатата година се вратија во модата, но експертите им предвидуваат многу поголема популарност за 2019 година.

Овој тренд беше одобрен и од Диор, Гучи, Версаче и многу други познати дизајнерски куќи, а и една од највлијателните трендсетерки, Ким Кардашијан.

View this post on Instagram

Kanye dressed me up like a doll 🎼

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Шнолите со крилја од пеперутки и монистри се можеби премногу, но мазните металик шноли и суптилно украсените шноли можат да ги збогатат дури и наједноставните фризури или пунџи.

И, всушност, ако не сте обожавател на накит, обидете се барем да ја декорирате вашата коса на оригинален начин. На пример, гломазната еднобојна шнола ќе го подигне целокупниот изглед на вашата фризура на повисоко ниво.

View this post on Instagram

Hair clips are back

A post shared by XENIA ADONTS (@xeniaadonts) on

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk