Здраво тело

НА ЖЕНИТЕ СЕПАК ИМ ТРЕБА повеќе сон од мажите и сега тоа конечно е докажано

Ако сте врзани за креветот и наутро ви е тешко да станете, оваа вест може да ве интересира.

Невронаучникот Џим Хорн верува дека жените можат да доживеат зголемено ниво на психолошки стрес поради недостаток на спиење, но ова не е толку веројатно за мажите.

Во изјавата за Mail Online, професорот Хорн изјави дека жените извршуваат повеќе задачи во исто време, поради што го користат мозокот во текот на денот, така што на мозокот на жената му треба повеќе време за да се опорави.

„Колку повеќе го користите мозокот во текот на денот, ќе ви треба повеќе сон за да се опорави. Жените имаат тенденција да извршуваат повеќе задачи, тие прават многу работи одеднаш и се флексибилни и го користат мозокот повеќе од мажите. Затоа нивната потреба за спиење е поголема“, објасни тој.

Хорн укажува дека жените во просек имаат потреба од 20 минути повеќе отколку мажите, но оваа бројка варира од жена до жена.

Тој, исто така, вели дека мажите чија работа вклучува „одлучување и латерално размислување“ веројатно ќе треба повеќе да спијат.

Хорн излезе со овие податоци со истражување кое тој го направил врз 210 мажи и жени во 2010 година, а беше објавено во списанието “Journal of Sleep Research”.

Напиши коментар