Богатството на Бернард Арно се проценува на 87,4 милијарди долари, со што има статус на најбогат Французин.
Откако семејството Пино донираше 100 милиони евра за реставрација на познатата катедрала Нотр Дам во Париз, најбогатиот Французин Бернар Арно (70) одлучи дека со неговото семејство и неговата компанија за производство на луксузни стоки LVMH ќе донира 200 милиони долари.
– Семејство Арно и групата LVMH сакаат да ја покажат својата солидарност во ова време на национална трагедија и се приклучуваат на обезбедувањето на помош за реставрација на оваа извонредна катедрала, која е симбол на Франција, нејзиното наследство и француската унија – се вели во соопштението.
Инаку, синот на Бернард, Антоан Арно (41) од 2011 година е во брак со руската манекенка Наталија Vodjanovа (37), со која има две деца – Максим (4) и Роман (2). Наталија покрај нив има три деца од претходниот брак со Џастин Портман (50).
Исто така, француската енергетска компанија “Total” ќе донира 100 милиони евра за реконструкција на катедралата Нотр Дам, изјави денешниот извршен директор на компанијата Патрик Пујен.