Мојата кујна

Најбрзи лепчиња од само три состојки

Готови се за кратко време и можете да ги искористите за сендвичи, врапови, или со разни намази.

Ви претставиме рецепт за брзи лепчиња кои можете да ги користите на најразлични начини! Меки и вкусни, идеални за сендвич, врап со пилешко или зеленчук, и со различни намази или мезиња.

Состојки:

Јогурт

Брашно

Прашок за пециво

Подготовка:

Започнете со 200 грама брашно, додадете еден прашок за пециво и промешајте два децилитри јогурт. Во зависност од јогуртот што го користите, додадете повеќе брашно ако е потребно, бидејќи густината ќе се разликува.

Измешајте прво со лажица во поголем сад, а потоа замесете го тестото, тоа треба да биде компактно и еластично. Ова тесто не мора ни да одстои, бидејќи не содржи квасец, па можете веднаш да ја загреете тавата на средна топлина.

Формирајте лепињи, и печете ги на сува тава по две минути на секоја страна. Печените лепчиња покријте ги со крпа, за да не се исушат, и послужете ги топли.

Овие лепчиња се совршен придружник на секој оброк, но може да ги користите и за правење на сендвич, врап со месо или зеленчук, како и за медитеранско мезе, така што ќе ги исечете на триаголници и послужите со фета сирење, маслинки и други вкусни нешта.

Напиши коментар