Еве зошто бремените жени треба да јадат јаткасти плодови во текот на првиот триместар од бременоста.
Бремените жени кои јадат ореви, бадеми и пињоли, раѓаат „попаметни бебиња“, според една неодамнешна анкета спроведена врз 2.200 мајки со деца.
Шпанските научници од Институтот за глобално здравје на Барселона покажаа дека децата чии мајки во текот на првиот триместар од бременоста јаделе три пати неделно по 30 грама јаткасти плодови имале подобри резултати на тестовите за когнитивни функции, внимание и меморија.
Оревите се богати со фолна киселина и есенцијални масни киселини за кои се верува дека се акумулираат во мозочните региони за меморија и концентрација.
„Ова е прва студија која ги испитува можните придобивки од јадењето на јаткасти плодови за време на бременоста врз долгорочниот невролошки развој на децата“, вели д-р Флоренс Жињак, која ја предводела студијата, според „Дејли мејл“.
„За време на бременоста, мозокот на бебето се соочува со сложени процеси и исхраната за време на бременоста е еден од важните фактори кои влијаат врз нив и може да има долгорочни последици врз невролошкиот развој.“
Научниците веруваат дека позитивниот ефект од консумацијата на јаткасти плодови за време на бременоста врз способноста на детето подоцна, може да се објасни со високата содржина на фолна киселина и есенцијални масни киселини како омега-3 и омега-6 во овошјето.