Секој би сакал да се храни здраво, но ако некој ви рече „Јадете секогаш нутриционистички богат појадок“, тоа сигурно нема да значи многу за вас.
Сепак, постојат неколку совети кои се многу едноставни и разбирливи, а сепак многу корисни.
– Сѐ е во умереноста.
– Јадете од сѐ по малку.
– Прочитајте ги етикетите.
– Држете се до списокот во супермаркетот.
– Држете се подалеку од благите работи.
– Јадете свежо и намалете го внесот на преработена храна.
– Не прејадувајте се.
– Не верувајте во сè што го ќе прочитате за исхраната и губењето на тежината.
– Поделете го колачот, пицата, сендвичот или благите работи со пријател.
– Гответе во помали количини. Ако некој е сеуште гладен, секогаш може да земе овошје, десерт или сендвич, а никој нема да мора да се прејадува за храната да не се фрли.