← НАЗАД НА БОЗА

Најдобри рецепти за нејзино ДА

Најдобри рецепти за нејзино ДА
125 Читања

Ќе ви каже ДА на вас, на деновите што ги поминавте заедно и деновите кои ве очекуваат.

Вие најдобро ја познавате вашата понежна половина и никој нема подобар рецепт за нејзиното ДА од вас.

Еве неколку рецепти на кои што дамите кажале ДА.

„П.С. Те сакам“ понуда за брак

Отиде на службено патување еден ден пред мојот роденден. Тоа утро, никој не беше потажен од мене.

По моето враќање од работа, ја земав поштата и со двете сметки беше и неговото писмо во кое, меѓу другото, пишуваше дека му е жал што не е со мене и дека се надева дека ова писмо барем ќе ме расположи, но, ако тоа не успее, дека за секој случај напишал уште едно. Да, и на крајот од писмото беше напишано П.С. Те сакам.

Исто така добив упатства каде да го најдам другото писмо. На крајот на ова писмо тој напиша дека ако сум уште тажна, да погледнам во неговата фиока и повторно под текстот стоеше П.С. Те сакам.

Кутијата со прстенот стоеше отворена во фиоката, а покрај неа пораката: „Ќе се омажиш за мене?“ П.С. Те сакам П.П.С. ќе те сакам дури и ако ме натераш да го чекам твојот одговор цел ден.

Ако во меѓувреме заборавив да споменам, „П.С. Те сакам“ е еден од моите омилени филмови.

„Кажи да“ понуда за брак

Тој ден му беше роденден. Дојде во црна маица со отпечатени бели букви „Кажи ДА на сè што е напишано на другата страна на маицата.“

Мислев дека тоа е роденденскиот подарок од неговите пријатели, а дека од друга страна пишува нешто во стилот „Купи ми пиво!“ Или „Частиш бурек?“.

Го бакнав и му го дадов подарокот, а потоа ме праша дали мислам да кажам ДА, на она што е напишано од другата страна на маицата. Реков дека е во ред, но да се сврти веќе еднаш за да видам што си навлеков.

Од друга страна пишуваше: „Ќе се омажиш ли за мене?“

Тој се сврте со прстен во раката и рече дека, бидејќи јас веќе кажав да, би било добро време да видиме за колку ја има згрешено големината на прстенот.

Се смеам, а во исто време моите очи се полни со солзи.

Спонтана понуда за брак

Тој му беше кум на најдобриот пријател на свадбата. И додека во црквата бевме со младенците, ме погледна во еден момент и ми шепна: „Ех, што се би дал за да ги замените улогите идната година; тие да се кумови, а ние да го молиме Бога да ја заврши оваа приповед што е можно поскоро.“

По почетниот шок, брзо се снајдов и му дадов до знаење дека тоа не би била толку лоша идеја.

Година и половина подоцна, ги заменивме улогите.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk