Нежен и пастелен или гламурозен со светки и бисери, изборот на маникирот за венчавка е повеќе од важен за севкупниот изглед.
Кога станува збор за венчавка, невестите сакаат да испланираат се до последен детаљ. Важен дел од нивниот изглед се и ноктите, а постојат неколку основни маникири кои се IN оваа сезона.
Ако ви се допаѓа изгледот на обичните бели нокти, можете апсолутно да ги носите и на денот на свадбата.
Можете исто така да им додадете и светки за да постигнете подраматична димензија што одлично ќе се вклопи со вашиот прстен.
Хром стилот ќе им даде посебен изглед на вашите прсти. За да постигнете бисерен сјај, изберете непроѕирна пастелно-розева или сива боја.
Вашите нокти можат да бидат едноставни и елегантни, но кој вели дека не можете да додадете малку сребрен сјај на рабовите?