← НАЗАД НА БОЗА

Најмоќниот природен антибиотик: Масло од диво оригано

Најмоќниот природен антибиотик: Масло од диво оригано
259 Читања

Иако фармацијата напредувала во голема мера, луѓето се повеќе се залагаат за природни лекови за да го заштитат својот организам од штетните ефекти на хемијата.

Маслото од оригано со векови е природен лек за разни здравствени проблеми.

Неговите лековити својства биле познати дури и во времето на старите Грци, познато е дека Хипократ го користел како антисептик.

Ова масло е еден од најсилните природни антибиотици, но поради својата јачина, неопходно е да се води сметка за количината и секогаш да се меша со други прехрамбени масла.

Прочитајте повеќе за лековитите својства на овој природен лек подолу:

Успешно се бори против бактериските и габичните инфекции

Многу студии покажаа дека маслото од оригано има силни антибактериски својства и успешно се бори со 30 бактерии, вклучувајќи ја и Е. coli, што предизвикува многу здравствени проблеми за многумина.

Подеднакво успешно ги санира и габичните заболувања. Често се користи во борбата против габите на ноктите и атлетско стапало.

При надворешна употреба мора да се меша со други прехранбени масла.

Ги олеснува менструалните болки

Традиционално се користи против болни и нередовни менструации. Го стимулира протокот на крв и контракциите на матката, поради што не се препорачува за бремени жени.

Помага при проблемите со варењето

Без добро варење нема добро здравје, а маслото од оригано го подобрува протокот во жолчката и затоа ја подобрува дигестијата. Ги намалува гасовите и ја регулира киселоста на желудникот.

Ги ублажува ефектите од кожните заболувања

Многу луѓе го нашле спасот од псоријаза и егзема во ова масло. Кога станува збор за кожни болести, ова масло се меша со масло од јојоба или маслиново масло, таквата комбинација се мачка врз заболените делови од кожата.

Содржи многу витамини и минерали

Магнезиум, цинк, витамини Ц и Е, железо, манган, сите овие хранливи состојки се содржани во маслото од оригано.

Ги олеснува респираторните проблеми

Ефикасно е против бронхитисот, астмата и проблемите со дишењето предизвикани од настинки. Има благ седативен ефект кај алергиските респираторни проблеми и ја олеснува реакцијата на телото на алергени.

Штити од кардиоваскуларни заболувања

Благодарение на своите моќни антиоксидантни својства го штити срцето и вените од штети предизвикани од слободните радикали. Го намалува лошиот холестерол и го спречува таложењето на масните наслаги во телото.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk