Модните експерти најавија едно, а се случи нешто што не го очекуваа.
Иако, според сè, 2019 година беше најавена како година на неонски и силни бои, се случи сосема спротивното. Оваа година хит ќе биде бледо-жолтата боја која одговара со секој тен.
Бојата која веќе се појави како најпопуларна, како на модните писти, така и на социјалните мрежи, е нежна и суптилна, за разлика од неонските, таа е компатибилна со секоја облека.
А станува збор за бледо-жолтата боја, како бојата на путерот, која го преплави Инстаграм и се наметна како водечки тренд за претстојната пролет.
Иако жолтата боја е многу популарна во последниве години, нејзината најнежна варијанта има различен ефект од силната и многу е полесно да се комбинира.
А токму тоа што оди во комбинација со сите бои, ја прави освежувачка замена за класичните неутрални нијанси, како што е беж.
Облечете облека во оваа боја и фрлете ја темната облека што ја носевте во текот на зимата.
Носете здолниште, фустан, панталони или џемпер во светло-жолта боја, искомбинирајте ја со фармерки, кул салонки и направете победничка модна комбинација.
Значи, заклучивме дека е популарна, се вклопува со секој тен и лесно се комбинира, па затоа веруваме дека нема потреба од повеќе причини да се заљубите во бледо-жолтата боја оваа сезона.