Сè на лицето што се трансформира со шминка е идеално само кога не може да се види дека е доцртано.
Една од таквите прекрасни техники е техниката hair stroke. Потребно е малку вежбање, но резултатот е прекрасен.
Оваа техника бара гел за веѓи, четка со многу тенок профил и безбоен гел. Веѓите се расчешлуваат, а потоа со кратки и остри движења се доцртуваат влакната, а на крајот сè се фиксира (многу лесно, за она што е нацртано да не се избрише) со безбоен гел за веѓи.
Важно е дека четката да биде што потенка, бидејќи влакната што ја сочинуваат веѓата исто така се нежни. При цртањето, на крајот треба да се подигне малку четката за да изгледа линијата малку подебела на почетокот, а на врвот потенка.
Ако навистина сакате да бидете супер професионални, можете да го осветлите просторот под веѓата со молив, само за да ја истакнете нивната линија.