← НАЗАД НА БОЗА

Најсимпатичната куќа во Норвешка во која ќе се заљубите: дом исполнет со слатки спомени

Најсимпатичната куќа во Норвешка во која ќе се заљубите: дом исполнет со слатки спомени
85 Читања

Мотото на норвежанката Mete е “Hyggelig at du titter inno” – пријатно место кое треба да се погледне – и ние се согласуваме со тоа во целост! Оваа мала куќа е најслатката работа што ќе ја видите денес!

Во стара куќа исполнета со едноставен мебел, наследена од баба и дедо, живее норвежанката Mete со нејзиниот сопруг и три деца, а атмосферата ја развеселуваат и куче и две мачки.

Mete има 43 години, а нејзиниот Instagram е исполнет со прекрасни слики и детали во рурален стил.

„Ние го сакаме тој старомоден стил“, вели Mete, „ги сакаме работите што веќе имаат историја и му користеле на некој пред нас. Сакам што живеам во куќа исполнета со прекрасни спомени од детството“.

Дури и при купувањето на мебел, Mete претпочита да избере половни парчиња.

Во Норвешка рачната изработка е многу популарна, па таа со задоволство плете, црта и изработува предмети од волна.

А на триесетина минути од дома, ова норвешко семејство има мала викендичка на езеро. Таму владее апсолутно едноставен живот – нема дури ни електрична енергија. Само стар, веќе користен мебел и релаксирани денови во кои семејството ужива во текот на летото.

Погледнете ги сликите – ова е олицетворение на вистинска семејна среќа!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk