Најскапата ташна на светот е на познатата куќа “Mouawad” која дизајнира накит.
Ташната со облик на срце, наречена „1001 ноќ“ е обложена со неверојатни 4.500 дијаманти од сите бои и 18-каратно злато, а цената е вистинска ситница – 3,8 милиони долари!
На ова дизајнерско чудо, речиси четири месеци, работеа десет уметници, а во моментот има само една ташна во продажба, која го чека својот богат сопственик.
Без разлика дали за прв пат ќе биде носена од некоја позната невеста од светот на шоубизнисот, или на подарок ќе ја добие девојка или сопруга на шеик или милионер, останува да се види.
Сепак, иако недостижна за многумина, таа може да послужи како инспирација за сите идни невести.