Го поправа варењето, ги разградува и исфрлува мрсните наслаги!
Ако ја правите секојдневно, ќе успеете да го регулирате менструалниот циклус и да ја намалите болката.
Една од најстарите вежби во светот се нарекува malasana. Оние кои ја практикуваат секојдневно по неколку минути, велат дека неверојатните резултати се гледаат за неколку дена.
Вежбата malasana ја разложува маснотијата, помага во обновувањето на рамнотежата во дигестивниот систем, ги ублажува болните менструации и го враќа месечниот циклус во нормала.
Како се изведува вежбата?
Маласана е всушност длабоко клекнување, каде што е важно да се свртат стапалата малку кон надвор и да се спушти задникот речиси до подот.
Држете ги рацете со споени дланки пред вас, клекнете и задржете ја положбата 5 секунди. Кичмата и рамењата се исправени цело време.
Лесно станете од клекнувањето, одморете се 5 секунди и направете најмалку 10 повторувања секој ден.
Маласана е вежба на хата јогата и има многу варијации. Во духовна смисла, оваа вежба нè приближува до земјата, ни ја враќа стабилноста и мирот.