← НАЗАД НА БОЗА

Најтурбулентниот развод досега!

Најтурбулентниот развод досега!
79 Читања

Шминкерката која помина ТРИ ДЕНА во брак со холивудскиот актер, бара алиментација.

Актерот Николас Кејџ неодамна се разведе од Ерике Коико, со која стапи во брак во Лас Вегас минатиот месец.

Среќата во бракот траеше три дена, по што актерот побара да се поништи бракот од една едноставна причина – „не се сеќава дека се оженил, бидејќи бил пијан“.

На брзото склопување на бракот и уште побрзиот развод не му дојде крајот- Ерике Коико, поранешната сопруга на Николас Кејџ, бара алиментација на суд!

Да, по три дена во бракот и бројни статии во весникот во кој стои „пијаниот актер ја оженил шминкерката, па се покајал“, Коико ја „изгуби можноста да најде вработување, поради што бара алиментација“, пишува светскиот печат.

Коико, наводно, побарала од судот да не се согласи со барањето на актерот за поништување на бракот и изјави дека пред бракот била во врска со Кејџ една година, како и дека актерот по прилично јавен развод и се јавил и побарал да се помират.

Штом призна дека тој бил толку пијан што не знаел дека се жени, веројатно сфати дека не потпиша предбрачен договор пред да рече: „да“. Ќе ги добие ли парите на суд, ќе дознаеме во следната епизода!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk