Во изминатата година, марамите станаа една од најпосакуваните модни додатоци, главно поради нивната сестраност.
Освен околу вратот, тие исто така можат да се користат како стегачи за коса, а се пожелни и како декорација на ташните.
Но, оваa сезона, сите “it” девојки од Instagram ги носат на ист начин и собираат стилски поени на плажата.
Во моментов најпопуларно е да се врзат марами околу главата, а можете исто така да се поиграте со различни начини на врзување, на пример, да направите машна или да ја поставите како обична лента.