Пролетта е секогаш идеално време за мала промена на амбиентот во кој живееме, и можност да му додадеме на светот некои нови бои и детали ..
Од прекрасните хотели до атрактивните домови, ние ви нудиме избрани ентериери кои можат да ве инспирираат да реновирате или да го декорирате домот со желба, да го збогатите со нови елементи мебел, детали во неочекувана палета на бои и интересни, декоративни материјали.
Модерна, софистицирана елеганција
Блогерката Marie von Behrens го претставува својот стан во Њујорк, осветлен со природна светлина, со бели ѕидови од тули.
Современиот мебел и додатоци му даваат trendy нота на овој простор, додека свеќите од култните брендови Diptyque и Le Labo создаваат елегантна атмосфера.
Пастелниот свет на Wes Anderson
Во рамките на галеријата во Милано, Fondazione Prada, постои слаткарница и бар дизајниран од култниот режисер Wes Anderson, човек кој стои позади уметничките филмови како што се Moonlight Kingdom и The Royal Tenenbaums.
Уникатните нијанси и многу препознатлива Wes Anderson атмосфера нудат можност да станеме дел од светот на Anderson и да уживаме во шарените торти, шампањ и неодолив ентериер.
https://www.instagram.com/p/BugIbW6l819/?utm_source=ig_embed
Електика во домот
Сопственичката на брендот Rouje и икона на парискиот стил, често го прикажува интересниот ентериер на нејзиниот стан на својата Instagram страница. Vintage парчиња во комбинација со свежото цвеќе и модните детали претставуваат стан полн со живот и креативен хаос.
Антички шарм
Замокот Dimora delle Balze од 19. век се изнајмува за разни свечености, најчесто за свадби. Камената структура и суптилното осветлување во комбинација со модерниот мебел претставува невообичаен простор кој наликува на светот на бајките.
Нордиски минимализам
Нежниот дом на инстаграмерката Mary Looh е олицетворение на концептот “hygge”. Полн со природни материјали, беж нијанси и растенија, овој простор нуди едноставен и смирувачки амбиент за живеење.