Се препорачува лукот да се внесе во секојдневната исхрана, а оваа маска ќе направи чуда …
Лукот е богат со сулфур, меѓу другото познат како минерал на убавината.
Иако копривата е најпознат природен лек за грижа на ретката коса и проблематичниот скалп, маската од лук има многу предности, бидејќи сулфурот го стимулира производството на колаген и кератин, протеини кои се важни за градење на здрави нокти и коса.
За жал, поради денешната консумација на индустриски процесираната храна и производството на овошје и зеленчук во почвата осиромашена со минерали, повеќето од нас во исхраната , а на тој начин и во организмот имаме хроничен недостаток од овој важен минерал.
Како што го поддржува растот на косата, сулфурот обезбедува нормална функција на речиси сите ткива во телото.
Подгответе ја маската од лук
Неопходно е да се излупи лукот, да се исече на четири парчиња и сомеле во блендер или преработи во соковникот. Сокот од лук процадете го преку газа или друга памучна крпа и нанесете го на скалпот. Најдобро е да ја чувате маската еден час и исплакнете со благ шампон.