Art & Crafts

Направете сами: Како да ја поправите скршената сенка?

Сигурно ви се случило во брзање, случајно да ви падне вашата омилена сенка и да се скрши.

За да ја поправите скршената сенка, ви требаат само неколку работи!

  • стапче за уши
  • 99% алкохол
  • Пипета
  • Памучна ткаенина
  • Монета или некој друг предмет со оригиналната форма на твојата сенка, односно калапот во кој се наоѓа.

Постапка:

Со стапче за уши иситнете ја скршената сенка до ситен прав. Додавајте капки алкохол со пипета, се додека сенката не добие структура која наликува на паста.

Потоа завиткајте ја монетата во ткаенина и цврсто притиснете во калапот со сенка, со цел да ја компресирате и повторно да ја добиете оригиналната структура.

Оставете ја сенката преку ноќ, за алкохолот да испари од неа и следниот ден ќе биде подготвена да се користи повторно.

Она што е важно да се забележи е дека на овој начин производите не ја губат пигментацијата, така што решението за скршени сенки е многу ефикасно и повеќе не треба да се грижите.

Погледнете ја целата процедура во видеото подолу:

Напиши коментар