Мојата кујна

Направете вкусни хроно пирошки од само 4 состојки

За хроно исхраната постојано слушаме пофални зборови.

Колку хроно исхраната е здрава и добра за линијата се зборува насекаде, а овој рецепт веднаш ќе го засакате.

За следниот лесен ручек, ви препорачуваме да подготвите одлични хроно пирошки.

Јајцата се главната состојка.

Ви требаат вкупно 4 состојки:

– 3 јајца;

– 300 гр брашно + малку за работната површина;

– 300 гр сирење;

– 1 прашок за пециво.

Изматете ги јајцата и додадете го сирењето издробено со вилушка. Додадете го прашокот за пециво и брашното и замесете тесто.

Нема потреба од масло, вода или сол ако сирењето е доволно солено.

Посипете малку брашно на работната маса и домесете го тестото. Развлечете го со сукало за да биде колку што е можно потенко, со дебелина на прст. Исечете го тестото на правоаголници.

Загрејте свинска маст во тава, но не премногу и пржете на средна температура. Кога ќе поруменат од сите страни, отстранете ги од садот и ставете нова тура.

Напиши коментар