Здраво тело

Научниците открија зошто кафето нè тера да одиме во тоалет

Кафето не е познато само по тоа што не дигнува на нозе наутро, туку и како многу ефикасен лаксатив.

За да се утврди зошто се случува ова и дали тоа се случува поради ефектот на кофеинот или нешто друго, научниците им дадоа дневни дози кафе на лабораториските глувци.

Прелиминарните резултати, објавени во САД на конференцијата за дигестија, ја поддржуваат старата теза дека лаксативните својства на кафето немаат никаква врска со кофеинот.

На конференцијата, исто така, беше објавено дека кафето може да ги убие бактериите кои се наоѓаат во нашите црева.

Истражувачите на Универзитетот во Тексас им даваа на глувците редовни мали дози на кафе. Една група глувци доби кафе со кофеин, а другата без.

Научниците потоа ја следеа дигестијата на глувците и исфрлањето на измет.

Резултатите покажаа дека мускулите на органите за варење полесно реагираат по пиењето кафе, што значи дека работите се движат побрзо.

„Кафето има стимулирачки ефект врз мобилноста на цревата, но тоа воопшто не е поврзано со кофеинот.

Овој ефект можевме да го видиме и по внесување на безкофеинското кафе“, изјави лидерот на истражувањето – Ксуан Женг Ши за Gizmodo.

Оваа студија не е прва која сугерира дека врз мускулите на дигестивниот тракт директно влијае кафето.

Напиши коментар