Мојата кујна

Наут во сос од домати

Брзо се подготвуваат, а од „опрема“ ви е потребна само една тава.

Еве што да зготвите за оброк, ако немате веќе идеи – освен што е вкусно, нема да извалкате многу садови.

Состојки:

Лажица маслиново масло
Голема главица кромид
Половина црвена пиперка со средна големина
Три чешниња лук
Околу 700 грама доматно пире или сецкани и посолени свежи домати
Малку сол
Две лажички црвен пипер
Лажичка куркума
Две лажички чили во прав
¼ лажичка цимет
600 грама варен и исцаден наут

Подготовка:

Загрејте поголема тава на оган со средна јачина, а потоа додадете маслиново масло, кромид, црвен пипер и лук. Пржете четири до пет минути, со чести мешања.

Додајте доматно пире или сецкан домат, сол, мелен црвен пипер, куркума, чили во прав, цимет и измешајте се за да се соедини. Оставете да зоврие, а потоа варете уште две до три минути и често мешајте.

Додадете го наутот во тавата и добро измешајте со сите состојки, намалете го огнот и оставете го да се вари околу 15-20 минути.

Пробајте и додадете по желба повеќе зачини, а потоа послужете со леб, тестенини или ориз.

Ова јадење може да го чувате во фрижидер до четири дена, а во замрзнувачот до еден месец.

Напиши коментар