← НАЗАД НА БОЗА

Не ги капете децата секој ден – Важно е и туширањето да не трае повеќе од десет минути

Не ги капете децата секој ден – Важно е и туширањето да не трае повеќе од десет минути
184 Читања

Премногу честото капење може да ја зголеми загубата на водата од кожата и да ја направи подложна на егзема, тврди дерматолог од Јеил.

Децата помеѓу шест и единаесет години не треба секој ден да се капат – вели Сара Перкинс, детски дерматолог на Универзитетот Јеил.

Таа вели дека е во ред ако се прескокнува еден ден, бидејќи премногу честото капење може да ја зголеми загубата на вода од кожата и да ја направи подложна на егзема.

Таа советува децата на таа возраст да се капе секој ден само ако е хигиенски неопходно. Исто така, важно е туширањето да не трае повеќе од десет минути.

– Децата треба да се искапат во вода со блага температура. Топлата вода ги стимулира нервните завршетоци, што го влошува чешањето и сувоста кои се карактеристични за детската кожа. Исушете ја со нежно тапкање со крпа, а не грубо триење – вели Перкинсон.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk