Идните младенци со месеци, некои дури и со години планираат кога ќе го закажат датумот на венчавката.
Сепак, она што тие треба да го знаат е дека постојат денови и датуми, кога не се препорачува да се изговори судбоносното ДА.
Според најновите истражувања, истражувачите од Универзитетот во Мелбурн, изминатите 14 години работеа на детално истражување на датумите, кои никако не им се препорачуваат на младенците за закажување на венчавката.
Врз основа на статистичките податоци, тие откриле дека најголем број на разводи имаат паровите кои се венчале на Денот на вљубените, дури 41%, додека други студии покажале дека најпроблематичните датуми за венчавање се 8 август и 11 ноември, па нашиот совет е ако сте во можност да избирате, едноставно да ги избегнете овие датуми.