Без нив, излегувањето од дома не доаѓа во предвид!
Минатогодишниот тренд продолжува и за време на новата пролетна сезона продолжува да биде омилен меѓу познатите дами.
Белите патики можеби не биле на вашата листа на омилени работи досега, бидејќи светлата боја бара да бидете повнимателни, а марамчето секогаш да ви биде при рака.
Сепак, она што ги става на must have листата е нивна практичност, бидејќи тие одат во комбинација буквално со се од нашиот ормар.
Сакоа, фустани, кошули, маици … сè што ви паѓа на ум или во рацете може да се носи со пар бели патики.
Трендсетерките, блогерките и останатите љубители на модата, овој пар обувки сакаат да го комбинираат со фармерки и кожни панталони, но исто така и светли бои.
Подолу погледнете неколку добри предлози.