Верувале или не, едноставна четка за чешлање на косата може да биде моќно оружје против целулитот.
Со четкање на нозете и задникот, „на суво“, се отстрануваат мртвите клетки, се стимулира циркулацијата и се обновува лимфната дренажа. Важно е да имате четка со природни влакна, бидејќи синтетичките влакна можат да ја оштетат осетливата кожа.
Правете го тоа наутро, пред туширање, со тоа што ќе започнете со четкање од глуждовите, со долги и нежни движења, со насока кон срцето. Потоа преминете на бутовите и задникот, но не ја притискајте кожата премногу силно.
По четкањето истуширајте се, а потоа телото намачкајте го со хранлива крема.
Ќе ги забележите резултатите за неколку недели.