Убавина

Неонската шминка е чудото за 2019. година

Со неонски бои, ние често сакаме да експериментираме дури и кога нашето расположение не е особено wow.

Тие се свежи, различни, го привлекуваат вниманието, без разлика дали ќе ги користиме во облеката или во шминката, како што наложуваат последните трендови.

Таа потешко ќе најде место во секојдневната шминка или за на работа. Идеална е сепак за сабота навечер и за моментите во кои знаеме дека ќе поминеме голем дел од ноќта во темно, под светлата на рефлекторите, во ритам со омилени парчиња.

Иако правилно нанесените светли сенки или силниот кармин можат да создадат уникатен и привлечен изглед, претпочитаме да користите нешто уште посилно и понагласено.

Се разбира, границата помеѓу добар вкус и брзиот неуспех е прилично тенка. Особено за оние кои ќе се најдат во просторот на неонската шминка за прв пат.

Токму затоа избравме најдобрите можни референци кои не само што инспирираат, но и осветлуваат (буквално) една правилна и многу убава патека во ноќната шминка.

Зелена, розева, црвена, сина, овие се само некои од боите кои ќе ги направат вашите очи да засветкаат.

Неонските сенки се апсолутниот хит за пролет 2019. С

амо да напоменеме едно брзо, но многу важно правило: остатокот од шминката треба да ви биде апсолутно совршена. И многу, многу невидлива.

Напиши коментар