Sweet Home

НЕСЕКОЈДНЕВЕН МЕБЕЛ ЗА МОДЕРЕН СТАН: огледала, маси и ормари со стаклени елементи

Ако сакате несекојдневна декорација, огледало поразлично од било кое друго или интересен ормар за претсобје украсен со огледало, погледнете некои од идеите на италијанското студио “Galloti & Radice”.

Во изобилието на секојдневните и „веќе видени“ форми на огледала, креативност и оригиналност, привлекуваат внимание на прв поглед.

Италијанското студио “Galloti & Radice” претставува многу иновативни идеи за огледала и мебел од стакло во футуристички стил.

Некои модели се прилично едноставни, додека најинтересните се на самиот врв на индустријата за стакло.

Огледало во форма на лист или голема светилка која е врамена со огледало е необично парче мебел што може да го промени секој ентериер.

На љубителите на оригиналност, ќе им се допадне и моделот на огледало “Changes 09” – од три страни, средината е правоаголна, а страните со конкавни форми.

Специфичноста на овој модел е тоа што може да стои и хоризонтално и вертикално и на тој начин воопшто не губи од својата привлечност.

Моделот “L`uovo” (јајце) – делува како врвот на футуризмот, дури и денес, иако беше произведен во 1993 година.

Додека, на прв поглед, делува како најобично огледало, во неговата внатрешност „се крие“ ормар за капути и јакни.

Направен од абонос, овој плакар може да има рачка или лево или десно, а самото огледало по избор може да биде овално или со коси рабови.

Многу интересен е моделот “Zed” благодарение на атрактивниот метален држач, како и косата страна на дното каде што можете лесно да се видите додека се обувате.

Огледалото Zeiss е украсено со рачно полирано стакло со коси рабови. Задниот дел на овој модел е направен од дрво 5 см дебело и налакирано со бои на костен и песок.

Напиши коментар