Bridal

Невестински чевли на босанската дизајнерка во кои ќе се вљубите на прв поглед

Ако барате невестински чевли кои се стилски понапредни од оние класични свадбени чевли, можеби ќе треба да ги разгледате чевлите со потпис на дизајнерката Гордана Димитријевиќ зад брендот Гордана.

Бидејќи е родена во Сараево и живее и работи во Франција, таа вели дека е „посвоена“ парижанка.

Таа го основала својот бренд пред речиси пет години и не дизајнира исклучиво невестински чевли, туку има цела линија на ташни и обувки. Исто така, поседува своја канцеларија во Париз, каде што се преселила во 1995 година.

„Династија“ како омилена инспирација

Љубителите на сатен, светки и циркони, дефинитивно ќе уживаат во нејзините колекции, а дел од инспирацијата се базира на една од нејзините први модни спомени – култната серија Династија, особено Алексис.

Таа вели дека за неа Династија сè уште е телевизиска серија која има најгламурозна гардероба во историјата. Го опишува нејзиниот дизајн како раскошен и женствен, кој секогаш доаѓа во комбинација со шарени, геометриски примероци, а не може да се создаде без музика, па најчесто избира босански боб.

Инспирацијата ја наоѓа кај жените кои ги среќава или во уметноста, а потоа ги составува приказните во главата.

Чевли за жени кои сакаат да бидат свои

За нејзината публика таа вели дека дека тоа се жените од различни возрасти кои не се грижат за брендови и логоа на облека или за трендови, но сакаат да се чувствуваат удобно во она што го носат и да бидат свои. Токму таква е и оваа невестинска колекција на чевли што веднаш нè фасцинираше!

Во колекцијата има неколку модели на салонки и сандали, а доаѓаат во неколку бои: бела, златна, сребрена, розева и сина. Е

дноставните модели се украсени со детали како што се светкави и преголеми машни, а тука е и невообичаената пета која му дава на секој модел дополнителен statement елемент.

Напиши коментар