Motherhood

НЕВОСПИТАНО! Дете кое нема граници: Еве каде всушност грешите, ако премногу често се карате со детето!

Родителството е една авантура што носи со себе низа од прашалници над главата.

Некои теми се потешки од другите, а една која на родителите им е  тешка често е и гневот кон децата, бидејќи тие чувствуваат дека нивните деца надминуваат некои поставени граници или не се однесуваат онака како што се очекува да се однесуваат.

Што кога немате идеја како да продолжите?

Границите насочете ги кон позитивен исход од соработката на детето, да биде ветување и/или награда, а не закана, се наведува во прирачникот „Како да се биде родител?“

Реченицата која ќе му ја упатите на детето нека гласи:

„Можеш да ја гледаш серијата, откако ќе ја исчистиш собата“, а не: „Нема да ја гледаш серијата, ако не ја исчистиш својата соба.“

Што се однесува до правилата, важно е тие да бидат разбирливи и објаснети согласно на возраста. На детето, според прирачникот, не треба да му се наметнуваат повеќе правила, отколку што е потребно за да би можело да ги почитува и да не се обесхрабри.

Правила на однесување се нешто што би требало да се обидете да го смислите со заеднички сили, а кога ќе ги поставувате правилата, користете позитивни зборови. И на тој начин можете  јасно да дадете до знаење што сакате. Позитивно изреченото правило гласи:

„Те молам, после училиште веднаш дојди си дома“, а опцијата што не треба да се користи е:

„Не задржувајте се на улица по училиште“.

Напиши коментар