Мода

Нежни синџирчиња што ќе му дадат шик изглед на наједноставниот outfit

Накитот отсекогаш бил аксесоар, кој на секој outfit ќе му даде извонреден изглед, но веќе неколку сезони наназад, барем кога станува збор за ѓерданите, во мода се понежните парчиња со златна боја.

Со поубавите денови, лелеавата облека и тенот, кој пополека темнее, на сцената доаѓаат и нежните ѓердани со медалјони, кои совршено се комбинираат со многу различни outfiti и се посебно носени во комбинација со бела класична маица и фармерки, бидејќи дури и на тој едноставен look му даваат доза на шик.

Оваа сезона, и во beauty и во модниот свет, естетиката на минимализмот е омилен тренд, така што комбинацијата на нежни ѓердани и белата класична маица е хит за секојдневниот изглед, што ќе остави добар впечаток.

Особено е популарно да го подобрите вашиот едноставен изглед со серија нежни ѓердани, со мали привезоци, кои се движат од обични округли медалјони до школки.

Напиши коментар