Ги немате условите или просторот за чување на буре со зелка во станот или подрумот?
Но, сепак ја сакате сармата, онаа домашната? Решението постои.
Можете да ја скиселите зелката за два дена, и тоа на следниот начин.
Исчистете ја зелката од вишокот листови и извадете го коренот. Ставете оцет во дупката(приближно мала чаша за кафе) и лажица сол и протресете ја зелката за да се распоредат состојките рамномерно.
Вака подготвената зелка ставете ја во кеса, која потоа ќе ја ставите во замрзнувачот да отстои 48 часа.
Кога ќе ја извадите и одмрзнете, ќе добиете кисела зелка!
Подготовката на сармата може да започне!
Исто така, постои малку побавен начин да се скисели зелката. Кога ќе ја исчистите, извадете го коренот и ставете сол во шуплината, ставете ја зелката во подлабок сад, а покрај неа парче леб.
Потоа посипете ја зелка со зовриена солена вода (додадете сол по вкус, но не заборавајте дека солта ја чува од расипување) и покријте ја.
Очекувајте дека зелката ќе се скисели најмногу за пет дена, но треба да ја држите на топло.