← НАЗАД НА БОЗА

НОЌНОТО СТАНУВАЊЕ РЕЗЕРВИРАНО ЗА МАЈКИТЕ?

НОЌНОТО СТАНУВАЊЕ РЕЗЕРВИРАНО ЗА МАЈКИТЕ?
86 Читања

Еве колку татковци се преправаат дека спијат кога ќе го слушнат плачот на бебето.

Резултатите од едно ново истражување можеби ќе ги натера новопечените мајки да погледнат двапати во сопругот следниот пат кога ќе станат во текот на ноќта поради плачот на бебето.

Едно ново истражување покажа дека повеќе од половина од татковците се преправаат дека спијат за да го избегнат станувањето во текот на ноќта, кога ќе го слушнат бебето да плаче.

Повеќето татковци признаа дека се преправаат дека спијат држејќи ги очите затворени, за нивниот партнер да стане наместо нив и да го утеши бебето.

Во истражувањето учествуваа повеќе од две илјади родители, а дури 56 проценти од татковците признаа дека намерно се преправаат дека спијат со цел да го избегнат станувањето.

Многу мажи изјавиле дека веруваат дека во ваква ситуација не можат да ја заменат улогата на мајката, а еден од пет татковците кажале дека децата обично ја бараат мајката.

Но машките оправдувања не завршуваат тука.

Тројца од десет мажи оправдувањето за нивното нестанување го пронајдоа во тоа дека мораат да бидат одморени за утрешниот работен ден.

На крајот на истражувањето, околу 47 проценти од родителите одговориле дека ноќното станување е резервирано само за мајките, додека само 14 проценти признаа дека тоа е работа која исто така е наменета и за татковците.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk