← НАЗАД НА БОЗА

Нордиско руса – најпопуларната боја на коса за оваа пролет

Нордиско руса – најпопуларната боја на коса за оваа пролет
134 Читања

Апсолутната хит оваа пролет, кога станува збор за фарбана коса, дефинитивно е нордиско русата!

Веќе одамна стана јасно дека русата коса никогаш нема да излезе од мода, но од сезона во сезона стануваме побогати за нови нијанси на руса, а оваа сезона на престолот дефинитивно се искачи нордиската нијанса.

Иако baleyage е водечка техника во фарбањето, веќе со години, токму поради природното стопување и прелевање на боите, оваа сезона во фокус е нешто сосема друго.

Нордиско русата е нијанса, која е речиси бела и која е идеален избор за девојките со светол тен.

Експертите оваа боја на коса, им ја препорачуваат на жените со природно светла боја на косата. Не треба да се одлучите за овој чекор ако вашата коса не е сосема здрава, бидејќи процесот на белеење, кој трае до неколку часа, може дополнително да ја оштети.

За да имате беспрекорно бела хит фризура, мора да бидете трпеливи, што сигурно ќе се исплати, бидејќи бојата на вашата коса ќе биде волшебна.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk