Убавина

Нов beauty тренд: Што е skin fasting?

Дали понекогаш ве заморува самата помисла на сите чекори, што се дел од вашата рутина за нега на лицето?

Можеби skin fasting е решението за вас. Ова е нов тренд, кога станува збор за нега на кожата, кој се потпира на најосновната beauty рутина: лице исчистено со тоник, хидрирано со крем и  нахрането со маска еднаш неделно.

Можете да заборавите на се што бара да направите повеќе од тоа, а вашата кожа никогаш нема да изгледа подобро!

Нашата кожа има способност за само-грижа и обновување, што претставува природен процес, на кој треба да му дозволиме да се случи, а тоа ќе го направиме така што, барем кога негата е во прашање, ќе применуваме минимален број на производи на лицето и ќе дозволиме самата кожа да го заврши природниот процес.

Ако кожата ја одмориме од агресивните производите за нега, ќе ја зголемиме ефикасноста на нејзината регенерација и детоксикација.

Нашата кожа произведува природни хидратирачки масла, кои со претерано третирање на лицето се сушат, па затоа идејата за skin fasting е да и се даде на кожата простор да се храни, а ние само да помогнеме малку во процесот.

Најдобро време за започнување на овој процес е токму на крајот на сезоната, кога условите на кои реагира нашата кожа се менуваат. Обидете се да ја намалите вашата рутина на само 3 производи за две недели и дозволете и на вашата кожа да стори сé друго.

Ние веруваме дека на повеќето оваа промена ќе им одговара. Меѓутоа, ако забележите, дека кожата ја чувствува потребата за стара рутина, вратете и се, бидејќи сето тоа е во служба на убавата кожа и блескав тен.

Уште една важна работа, ако се одлучите за skin fasting е хидратација на телото, а со тоа и кожата, па не заборавајте да пиете најмалку 2 литри вода дневно.

Напиши коментар