Оваа сезона, кога станува збор за трендови на коса и техники на боење на косата, популарни се т.н. бои за коса што потсетуваат на јадење.
По chocolate cake hair и cinnamon sugar crunch нијансите, најновиот тренд за коса е Peach cobbler, станува збор за топла црвеникава боја на коса, со прамени и нијанси на праска.
Со помош на color melting техниките за фарбање, се добива нежен тон на праска, а нашата коса изгледа како да е искапена на сонцето.
Овој тренд на коса е идеален за црвенокосите дами кои сакаат малку да ја освежат косата, но исто така и за блондинките кои сакаат промена.
Црвената боја е освежена со бојата на ванила, бојата се дистрибуира по целата коса, а потоа нијансата се освежува со потемен корен, како финиш се додаваат нежни тонови на праска и резултатот е прекрасната peach cobbler нијанса.