Светски тренд достапен и во нашата земја.
Тапетите во последните години се неизбежни во ентериерите. Тие можат да го направат вашиот дом да изгледа светски.
Graham&Brown, познат британски производител на тапети, и оваа година ни претстави нови колекции на тапети за сезоната што следи.
Како што редовно ги следиме иновациите на пазарот, и кај нас пред сезоната на реновирање и пролетно освежување на ентериерот, имаме две нови колекции на тапети.
Овогодинешните колекции можете да ги најдете во широк асортиман, а тие ги обединуваат најновите трендови со безвременската класика.
Дезените се поразновидни од било кога, а квалитетот е на стандардно високо ниво, па изборот на тапети сигурно ќе ви зададе слатки маки.