Главниот град на супер високите облакодери, Дубаи, наскоро ќе добие нова мега населба која ќе биде дом на уште еден облакодер во тој град.
Државната инвестициска компанија “Dubai Holding” објави детали за градежниот мега-проект, кој ќе вклучува кула од 550 метри.
Кулата, наречена Burj Jumeira, ќе биде сместена во областа Al Sufouh во Дубаи во близина на Burj Al Arab.
Плановите покажуваат дека кулата ќе биде опкружена со мешана, станбена и трговска зона наречена “Downtown Jumeria”.
Изградбата ќе започне веднаш, се наведува во соопштението на компанијата, а првата фаза ќе биде завршена во 2023. година.
Дизајнот на Burj Jumeira е инспириран од песочни дини и оази. Всушност, облакодерот ќе има одличен поглед од кој ќе се гледа целиот град, а на самиот врв, во таканаречената Круна, ќе има ресторан и lounge бар.
Можеби најважната карактеристика на кулата е неговата база, дизајнирана во облик на отпечаток од палецот на шеикот Мохамед бин Рашид.
Постојат планови за амфитеатар, кој ќе се наоѓа во рамките на отпечатокот на палецот за културни настани, како и за фонтана.