Италијанскиот бренд отвори неочекувана pop-up продавница.
Новата pop-up продавница се совпаѓа со меѓународниот саем за мебел во Милано, Salone del Mobile, а брендот отвори привремен двоспратен бутик во италијанскиот град полн со декорации за домот, порцелан и мебел.
Дизајнот ја вклучува вообичаената естетика на флора и фауна на дизајнерот Алесандро Микеле.
Луксузни тапети, врати покриени со различни дезени и шари, висечки ќебиња кои личат на таписерии, сето тоа е дел од оваа продавница, која што се протега на два спрата и е исполнета со изобилство на различни детали, како прибори за јадење и кристални чаши.
Парчиња од асортиманот, што ќе вклучува нови и веќе познати парчиња од Гучи линија за дом, вклучувајќи кадифени фотелји во форма на школки; перници везени со името на брендот, свеќници и пепелници.
Ако се најдете во Милано за времетраење на меѓународниот саем за мебел, ова е продавница која сигурно вреди да се посети.