← НАЗАД НА БОЗА

Нови трендови: Како да носите бела кошула на 3 секси начини

Нови трендови: Како да носите бела кошула на 3 секси начини
74 Читања

Постојат многу начини да се носи кошула оваа сезона, но клучните зборови на новиот тренд се модерно и секси.

Мора да имате бела кошула во ормарот. Всушност, таа е вечно парче облека кое секогаш треба да ви биде при рака кога не знаете што ќе носите, а сакате да изгледате со стил.

Можете да го носите ова практично модно парче од кафе со пријатели, до интервју за работа и вечерно излегување.

Ние ви претставуваме три начини да го комбинирате и да го носите на сосема поинаков начин од она на што сте навикнати.

Длабоко деколте

Раскопчајте неколку копчиња и искомбинирајте ја кошулата со тесно здолниште до колена, кратко кожно или тесни фармерки и штикли или чизми со висока потпетица.

На едно рамо

Оставете ги првите неколку копчиња отворени, и кошулата од едно рамо потегнете ја надолу, по избор.

Вовлечете ја кошулата во долниот дел од комбинацијата, за да изгледа уште погламурозно.

Повторно, тоа можат да бидат панталони или здолниште, а особено добро ќе изгледа доколку биде целосно бела комбинација.

Во форма на блуза

Кој вели дека не може да се направи најсекси блуза од обична бела кошула? Купете еден или два броја поголема, врзете ја над папокот.

 

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk