Досега најголемата колекција, eNVy Room, претставува повеќе од 40 модели на свадбени фустани, а акцентот овој пат е на романтична едноставност.
Во новата година eNVy room има нова колекција, која, со веќе стандардна разиграност и имагинативен дизајн, носи извесни изненадувања.
Дизајнерското дуо Вјеко Франетовиќ и Никица Иванчевиќ се фокусираа на едноставни и прочистени модели, но во исто време се поиграа со романтичните детали како што се преголемите панделки и крагни.
И покрај минималистичкиот пристап, имагинацијата и креативноста не изостануваат, а резултатот е досега најголемата колекција од повеќе од четириесет модели на венчаници.