Новопечениот татко го подели интернетот откако јавно искоментира дека мисли дека не треба да се станува во текот на ноќта поради близнаците што плачат.
„Мојата сопруга и јас добивме близнаци пред три недели. Јас работам, а таа не. Јас помагам секогаш кога можам, но ѝ реков дека мора да се грижи за децата во текот на ноќта, бидејќи ми е потребен сон поради работата“, призна тој на Reddit.
„Таа мисли дека тоа е неправедно, иако може да отспие два часа додека тие спијат, а јас не го можам тоа на работа. Ние исто така имаме и дадилка која е присутна четири дена во неделата. За време на викендот рано станувам и се грижам за децата за таа да се наспие“, напиша тој.
Неговата објава предизвика голем број на коментари, а луѓето се многу поделени околу неговото признание.
„Станувањето во текот на ноќта е неопходен дел од родителството. Се потпиша за тоа кога одлучи да имаш деца“, рече корисник на оваа социјална мрежа.
„Јас би се согласила доколку близнаците се постари од три недели. Физички тешко е да се помине агонијата на породувањето. Ако и е тешко да стане, причината не е само заморот“, вели друг коментар.
Некои луѓе сметаат дека мажот заслужува да се одмори, уште повеќе затоа што неговата сопруга има помош од дадилка.
„На мајката во текот на денот и помага дадилка и може да спие кога сака. Веројатно ѝ помага и во домашните работи, а нејзиниот сопруг е тука кога ќе дојде дома. Со оглед на околностите, мислам дека е во ред таа да станува ноќе“, вели трето лице.
„Тешко е да се грижите за близнаците. Но, работата ги плаќа сметките. Тој веќе дава и повеќе отколку што треба и неговата одлука е во ред“, заклучува четвртиот.