Мода

Обожаваниот моден бренд има нов хит фустан

Фустанот што оваа пролет ќе го гледаме насекаде.

Секоја сезона, саканиот моден бренд Topshop пласира на пазарот барем едно ново модно достигнување.

Следбеничките на модата сигурно се уште се сеќаваат на минатогодишното must-have парче, големиот бел фустан со принт со црни точки, што во еден момент владееше на социјалните мрежи.

Топшоп и оваа пролет има „коњ за трка“, па така славниот фустан со точки е заменет со нов модел со цветни дезени, кои брзо, но сигурно ќе ги освојат срцата, гардероберите и Instagram постовите на трендсетерките во светот.

Цветните дезени на облеката не се нешто посебно револуционерни кога станува збор за трендовите за време на топлите денови на пролетта, но сепак тренди девојките се уште сакаат цветни фустани и се чини дека секоја година во нивната гардероба може да се најде место за најмалку уште еден.

Понудата од Топшоп е всушност, проѕирен и лесен макси фустан со кратки ракави украсен со неколку различни цветни дезени.

Фустанот е посебен по тоа што има интересен отвор на грбот и изгледа многу романтично и впечатливо и ви овозможува да бидете облечени од глава до пети, без премногу филозофирање.

Впечатливиот дезен не бара премногу накит и други модни додатоци, само облечете сандали за вечерно излегување или патики во нешто поурбана варијанта и ќе бидете подготвени за сите пролетни стилски предизвици!

Напиши коментар